За одржувањето на убавината се зборува постојано, а она за што се зборува сега се пептидите и тоа бакарните. Според дерматолозите, го зголемуваат производството на колаген и еластин, што пак може да ја подобри текстурата на кожата, цврстината и да влијае врз појавата на фини линии и брчки. Го промовираат производството на гликоаминогликани, кои (како хијалуронската киселина) помагаат во хидратацијата и намалувањето на фините линии.
Бакарните пептиди се наоѓаат во кожата – телото само ја произведува оваа аминокиселина, за кожата да го одржува својот еластичен, младешки и здрав изглед.


Со годините нивото на колагенот, еластинот и на амино киселините (вклучувајќи ги бакарни пептиди) почнува да опаѓа: еластичноста се намалува, кожата се опушта, се јавуваат и брчки. Бакарните пептиди се покажаа како исклучително корисни за зачувување на младешкиот изглед. Според студија од 2015 година, луѓето кои секојдневно користеле производи базирани на бакарни пептиди, по три месеци забележале намалување на брчките, како и помазна и подебела кожа.
Овие пептиди имаат антиоксидантни својства, што значи дека значително ги намалува воспалителните процеси на кожата и ги штити клетките од оксидативен стрес. Вредната аминокиселина, која ја произведува самото нашето тело, ги чисти сите несовршености: ја изедначува хиперпигментацијата, ги намалува лузните, го ублажува воспалението и црвенилото.
Тајната за зачувување на младоста на кожата лежи во хидратацијата. Бакарните пептиди го промовираат производството на гликозаминогликани (GAGs) – молекули кои имаат способност да врзуваат големи количества вода, со што помагаат да се зголеми влажноста.


Многу од најпопуларните и најпочитувани светски брендови оваа сезона воведуваат серуми со бакарни пептидни кои ветуваат дека ќе направат сè, од заштита од оксидација, намалување на брчките и зајакнување на колагенот.
Бакарните пептиди се одлични за секој кој сака да ги намали знаците на стареење или губењето на еластичноста на кожата, иако е извесно дека една активна состојка неможе да направи толку многу за кожата. Затоа е одличен пептид за комбинирање со состојки како хијалуронска киселина и антиоксиданси./M.M.

You may also like

Comments are closed.