На првиот кат на Скопје Сити Мол започна најголемиот Новогодишен базар, организиран како поддршка на 52. современи македонски ракотворци. До 31 декември посетителите ќе можат да ја доживеат предновогодишната магија и да подарат уникатни производи. Ракотворците компонираа иновативни креации: од кожни аксесоари, чанти, шапки, накит, преку новогодишни сувенири, веганска козметика, шарени керамички производи, еколошки восочни обвивки, до колачиња во духот на новогодишните и божиќни празници, новогодишни украси, рачни везови и облеки за миленици.
До вчера, како поддршка на македонските ракотворци на штандовите се претстави првата група уметници со нивните брендови: Арт Шаби чик, My lovely bag, Девојчето со книгите, Работилница Булкa, Pika.Jesmonite, Branchella, Art Studio Pleni, Boketto, Тиноски, Cariño handmade gifts and accessories, BAMBUS, Personalised Vacation, Marcy’s handmade, IKIGAI handmade, Studio 23, Атеље Сиена, AZSU Accessories, Julia Barbun, ЕКО восочни обвивки, VITRUM Studio, Creative lab, Esoapery, SugarLand, Глигор Кузмановски, Кожарска работилница Хорват и MORPHO.
Од вчера до 30 декември штандовите ги исполни втората група ракотворци со нивните брендови: Matrjoshka, Nalla the Pittie Shop, Quick Sox Mk, Panooramixx Leathersmith, SIEC, Пекара Ваташа, Filigree LARGO, Елена Ристовска, Блашка Ми Ева – Freya Fashion Jewellery, @Equilibrium. Fine. Arts, Coral Jewelry, Monkdolls, Wanderlust, Шарено ќоше, ARTNOK, MurMur Arts, Julie Decoupage, M&M Luxury soap bouquet, Stardust Kejt Rakotvorbi, Катарина Дода, V. P Handmade Woolen Craft, Unique Corner, Lenka Embroidery, Алегра, GLOW Natural и SugarLand.
На 31 декември на Новогодишиот базар ќе учествуваат ракотворците од двете групи./М.М.