„Не сум грешница“ е новата песна на Барбара, што ја потпишува Тони Апостоловиќ, алијас Tony Show, снимена во студиото на Драган Ристовски, кој е и продуцент. Промоцијата е закажана за понеделник, осми јануари, во 19 часот, во кафе-барот Greenet.


Станува збор за балада која на Барбара веднаш и се допаднала. Кога ја слушнав првата строфа: „дали можам среќна да сум јас, душа боли, немам глас, бара љубов, бара спас..,“ реков, тоа е тоа, тоа сум јас и мојот живот, испеан во една песна, вели Барбара.
За видео записот „Не сум грешница“ се погрижи продукцијата на авторот – Tony Show mk music, кој и го режираше спотот. Работен е ,на неколку локации во Скопје и во две цркви на Скопска Црна Гора: Св. Илија и Св. Троица.

Во овој, слободно може да се нарече- проект учествуваше и инструменталистот Рикардо Хуна (кларинет), а пратечките вокали ги испеа Гога Вучиќ. По убавите спомени од учеството во регионално најпопуларното музичкото шоу „Никад није касно“, Барбара планира песната да ја промовира и во Србија, за што е направен аудио и видео запис на српски јазик.
Инаку, секое доаѓање во Македонија за Барбара, која од 1988 година живее и работи во Швајцарија е вистински празник – ја прави многу среќна дружбата со нејзините пријатели и драгите колеги.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.