Новото национално богатство на Норвешка се вика Frescohallen – претставува дел од спектакуларна историска зграда, која првин бил сала за храна, а потоа норвешка берза, за сега да биде рестаурирана во истоимен ресторан во Берген, на западниот брег на Норвешка.

Зградата е дизајнирана од Frank Wilhelm Schiertz, во класицистички стил и е изградена во 1861-62 година. Објектот денес се смета за најважна неоренесансна зграда во градот, украсена со фрески на високите тавани кои во 1921-23 година ги насликал уметникот Axel Revold, со мотиви поврзани со деловниот живот на Берген.


Ентериерот на новиот ресторан е дизајниран од Claesson Koivisto Rune – шведското архитекттонското студио.
Студиото го реновира просторот, задржувајќи ги постојните уметнички дела и враќајки им го оригиналниот сјај. Десетте џиновски фрески на ѕидовите го опишуваат секојдневниот деловен живот на Норвешка во тоа време.
Точно еден век подоцна просторот е целосно реновиран и дадена му е нова намена со која посетителите добиваат пријатен простор за освежување, одмор и опуштање.


Frescohallen е едно од видните места во Берген, веројатно поради впечатокот на гламур на едно минато време, на кое му е додаден допир на современоста./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.