Холандскиот прогнозер за трендови, Edwin van den Hoek, своето видување за трендовите на машката облека за 2025 година, го започнува со паралела од политичкиот живот во Холандија: со веста дека со победата на партијата на Geert Wilders, PVV (Partij voor de Vrijheid), Холандија на изборите направила десен пресврт.
Според Edwin van den Hoek по затишјето во време на пандемијата, се појавил трендот на повеќе и повеќе. Сè треба да биде поголемо и да се има повеќе.
Запаѓаме во стари шаблони, заклучува Van den Hoek, чија приказна за трендовите е поделена на четири теми: ревалоризацијата, вештачката интелигенција, технологијата и заведување.
1 Прада
Првата тема, наречена рачна изработка е со јасна пораката: треба да се ослободиме од културата на фрлање и да го превреднуваме она што го имаме. Во облеката, ова се преведува во тренд на искинати фармерки како и на трикотажата со празнини и дупчиња. Покрај тоа, има простор за украсување на облеката.


2 Diesel Spring Summer 2023
Во рамките на трендот не само што ќе дојде до ревалоризација на облеката, туку и ќе се изразуваа благодарност кон различните култури – произведувачи на облеката. Трендот се манифестира преку големи графики на облеката, за што пример е дизајнерот Chulaaр.


3 ChulaapSpring Summer 2024


4 Casablanca Spring Summer 2023
Додека за време на короната се беше во знакот на минимализмот, сега внатрешното дете повторно излегува на површина. Според Edwin van den Hoek ова се манифестира низ „детска„ графика, интензивни бои кои потсетуваат на играчки и пастелни нијанси. Пример за модни брендови кои веќе го имаат овој тренд како дел од нивната историја се архивите на Louis Vuitton и Moschino.


5 Louis Vuitton SS24 Menswear


6 Moschino Spring Summer 2023, Menswear
Van den Hoek предвидува истражување на можностите на технологијата, со акцент на транспарентноста. Новите материјали од алги, бактерии и габи преку нови технологии, од експериментална фаза, ќе одат кон конкретни концепти.
Брендовите го насочуваат погледот кон иднината и преку концепти генерирани од вештачката интелигенција. Облеката почесто ќе биде дизајнирана со програми и во 3D.


7 Burc Akyol Spring Summer 2024,

Во модата, карго панталоните ќе еволуираат во панталони со „повеќе џебови“. „Корисно за сите мажи кои често ги ставаат паричникот, телефонот и клучевите во џебовите од панталоните“, вели прогнозерот на трендовите. Освен панталони, повеќе џебови ќе имаат и јакни, додека појасите ќе се трансформираат во „работни појаси“.
Заматувањето помеѓу машките и женските силуети добива особено внимание во темата заведување. Van den Hoek нагласува дека нема сите мажи наскоро да шетаат во здолништа, но дека таква можност постои. Ќе позајмуваме облека вели тој, особено онаа од тантела, на која се гледа како на женствена ткаенина. Покрај тоа, кошулата со длабок V-деколте добива свое место, како покажување на машкото тело.

За визуелизација на овој тренд, примери се Dior и Dsquared. Dior истражуваше во својата архива на женска облека за да состави машката колекција за следните сезони.
„Сè што првин е видено кај жените сега е и кај мажите“, заклучува прогнозерот на трендовите. Така, вратоврската отстапува место за префинета марама, а присутна е и облеката со монистра и светки./M.M.

You may also like

Comments are closed.