Во Арената Борис Трајковски, на 24 декември, со почеток во 13 часот, најмладите ќе можат да го проследат музичкиот спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“.
Сценариото и сонговите на Петар Пан, омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се на Ирена Лозинска, а музика на Владимир Дојчиновски. Во претставата настапуваат децата од Балетското студио – Арт Балет.
По четири преполни сали, во Националната Опера и Балет, во Скопје, а потоа и во Штип, Струмица и Велес, ова ќе биде последниот Петар Пан за годинава.
Новиот музички детски спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ e во организација на Прагма продукција.
Петар Пан и Дедо Мраз ги повикуваат сите деца, како и оние што несакаат да пораснат, да не ја пропуштаат оваа претстава. Билетите можат да се купат на продажните места на Розе Веро 2 и на www.kupikarta.com.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...