Федерико Анцелоти, еден од најдобрите слаткари на светот, во хотелот Лимак, во Скопје, во присуство на над 130 готвачи и слаткари, одржа мастерклас со кој денес започна осмата Недела на италијанска кујна.


Настанот го отвори Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, кој во оваа пригода потсети дека годинава е поднесена кандидатура за вклучување на италијанската кујна во листата на нематеријални културни наследства на човештвото под заштита на УНЕСКО. Кандидатурата носи наслов „Италијанската кујна, помеѓу одржливоста и био-културната разновидност“, со што се потенцираат културниот и социјален елемент, карактеристични за италијанската кујна, како и одржливоста со која таа се одликува.
Учесниците на мастеркласот денес имаа можност од познатиот слаткар и чоколатиер Федерико Анцелоти да следат подготовки според рецептите на некои од најсофистицираните италијански мајстори.


Федерико Анцелоти, од дете е во светот на слатките, преку семејната слаткарница. По завршување на образованието, посетува специјализирани курсеви во некои од најреномираните школи за слаткарство кадешто учи од најдобрите предавачи во Италија и странство.
Страста кон чоколадото што Анцелоти ја негува и развива, му овозможува да стане експерт во оваа област, главен консултант на некои од најголемите имиња во индустријата на чоколадото и одговорен за Кластерот за какако во рамките на ЕКСПО 2015. Од 2007 до 2019 година е Претседател на Националното Здружение на слаткари на Р.Италија, кои брои повеѓе од 20.000 членови.
Во 2011 година Анцелоти освојува прво место на Светкиот Куп по Слаткарство, додека минатата година е добитник на наградата “Prix au Chef Pâtissier“ од Меѓународната Академија за Гастрономија ( Académie Internationale de la Gastronomie) и со тоа е прогласен за еден од петте најдобри слаткари во светот.


На Џино Гуацини, успешниот претприемач во чевларската индустрија и сопственик на ресторанот „Кај Џино“ во Скопје, Амбасадорот Силвестри денес му врачи одликување “Витез на Редот Ѕвезда на Италија” што секоја година Претседателот на Република Италија го доделува за особени заслуги во промоција на италијанската култура и вредности во странство.
Настаните од Неделата на италијанската кујна продолжуваат во наредните денови./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.