Мода вестиНасловна

Над 40 меѓународни дизајнери на Granada Fashion Week 2020

Пишува: Julio Cesar Battaglia, Marbella Fashion Week

На Модната недела на Гранада 2020 (Granada Fashion Week 2020), посветена на модните трендови предложени за пролет-лето 2021, што ќе се одржува од   од 14 до 21. ноември во организација на Шоустарс (Showstars) со свои колекции ќе настапат над 40 креатори ширум светот. Оваа година, со оглед на околностите, настанот ќе се одржи целосно во виртуелен формат и ќе може да се следи преку Интернет.

Според организаторите, модната ревија со модните писти и публиката претставуваат многу важна компонента што не може да се замени, поради магија што се создава на модните писти. Дигиталните содржини ќе продолжат да бидат присутни во светот на модата, додека околностите не се сменат и овозможат повторно полнење на модните простори со посетители.

Двата формата – дигитален и лице в лице, според организаторите остануваат и за во иднина – ќе се надополнуваат и опстојуваат заедно. Од таа соработка во голема мерка ќе зависи достапноста на информациите за модните креации, а со тоа и успехот на промовираните колекции во светот на модата ширум планетава.

Креаторите кои ќе ги претстават своите предлози за модата во пролет-лето 2021 година доаѓаат од : Шпанија, Италија, Аргентина, Парагвај, Франција, Шведска, Велика Британија, Германија, Казахстан, Мароко, Сингапур, Малезија, Брунеи, Индонезија, Кина, Лаос, Узбекистан, Русија, САД, Бурма, Камбоџа, Виетнам, Филипини и Тајланд. Модната недела на Гранада ја има институционалната поддршка од Европскиот моден совет, највисокиот институционален орган во Европа на ова поле. Настанов го поддржува и ‘Fashion Channel’, моден канал со шест милиони следбеници, а партнери се „Mad Mood Milano“, Fashion Week, Serbia Fashion Week, Aspara Fashion Week, Asia Fashion Association, Bulgaria Fashion  Week, Asociación of Textil Uzbekistán…

Настанот ќе може да се следи во живо на YouTube, на каналот на  Showstars, како и на Фејсбук страницата на промоторот. Инаугуративниот настан на Модната недела ќе се одржи на 14 ноември во 15:00 часот и ќе може да се следи во живо.

 

 

You may also like

Comments are closed.