Како исклучително богат извор на инспирација за многу уметници надреалисти, Мексико, како своевидна картографија од соништата, ја водеше и Maria Grazia Chiuri во создавањето на нејзината колекцијата за крстарење на Dior за 2024 година.
Во белешките на Dior за колекцијата се посочува дека Frida Kahlo, чиј дух на независност ја проникнува целата линија, преку облеката станува средство за инкарнација, протест и афирмација. Структурата слична на кожурец за скршеното тело, открива пеперутка која метаморфира во мотив во повеќе нијанси и форми, преку серија на принтови, како Toile de Jouy Mexico.


Од својата деветнаесетта година Frida носела триделни машки костими во потрага по независност над сите интелектуалци. Така, костумите од колекцијата му оддаваат почит на нејзиниот стил, додека како контрапункт, според обичајот на Tehuana здолништа се носат со традиционална туника: хуипил.
За оваа нова линија, претставена во Мексико Сити, Maria Grazia Chiuri уште еднаш воспостави тесна соработка со локалните занаетчии.


Нивниот придонес се гледа во оригиналните везови, во ко-креациите изработени во нивните ателјеа. Таков е и розовиот фустан кој потсетува на оној што го носела Frida Kahlo на еден од нејзините автопортрети. Волшебната убавина на кревкоста е дополнително засилена со разновидноста на избраните памучни, коноп и свилени чипки, како и со жакарте, налик на пеперутка.
Кадифето е повторно присутно во хипнотизирачка палета на бои на здолништата кои, благодарение на нивните набори, ги нагласуваат колковите пред да се отворат во короли. Пеперутките во принтот на toile de Jouy, ја илустрираат мексиканската флора и фауна, како што ги осветлуваат сликите на Frida Kahlo.

Личната димензија што ја водеше Maria Grazia Chiuri се рефлектира и преку изборот на местото за шоуто: Antiguo Colegio de San Ildefonso, кадешто студирала мексиканската сликарка. Таму го запознала и Diego Rivera, менторот и љубовта на нејзиниот живот.
Колекцијата наменета за одмор и крстарења за 2024 година на Dior според создавачите претставува експресија на женственоста изградена врз основа на односот со природната, уметноста и иконата на колекцијата./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.