Модната куќа Moschino денес го објави назначувањето на Davide Renne за нов креативен директор. Renne официјално ќе ја преземе улогата на креативен директор на први ноември 2023 година. Неговата прва колекција ќе биде за сезоните есен/зима 2024 година и ќе биде претставена на модната недела во Милано (Milan Fashion Week), во февруари 2024 година.
Со импресивна кариера која се протега на две децении во Gucci, кадешто на крајот бил главен дизајнер на женската облека, Davide Renne сега ќе биде задолжен за креативноста за главната линија на Moschino, надгледувајќи ги и женските и машките линии, како и модните додатоци. Директно ќе биде одговорен на Massimo Ferretti, извршниот претседател на Aeffe SpA.
На 20 март, Jeremy Scott го објави крајот на неговиот 10-годишен мандат како креативен директор на Moschino, кадешто ја воведе ерата на камперски колекции. „Создадов дизајни кои ќе живеат засекогаш“, објави тогаш Scott на својот личен профил на Инстаграм./М.М.