Шведскиот моден бренд H&M  објави дека најновата колекција создадена со шпанската модна куќа Paco Rabanne (летово ребрендирана во Rabanne), ќе биде во продажба од седми ноември годинава.

За време на модната недела во Париз, Rabanne и H&M со посебна забава ја одбележаа промоцијата на заедничката колекција. Имено,специјалните гости, како Cher, Jared Letoи Elle Fanning, беа облечени во парчиња на Rabanne H&M.

Во белешките за соработката на Rabanne со H&M се вели дека новата колекција флертува со фантазијата, танцува низ децении и сонува за иднината. Соединувајќи го безгрижното изобилство од 1970-тите, оптимистичкиот футуризам на Rabanne и допирот на ретро-насликаната романса, колекцијата канализира модерна визија на радост и самодоверба.

Rabanne го наметна провокативниот, особен стил на модната сцена уште со основањето, во 1966 година, а креативниот директор на куќата, Julien Dossena со занаетчиска прецизност и динамичен пристап продолжува да ја поддржува репутацијата на брендот. Dossena повторно го обмисли Rabanne за новата генерација, правејќи го попристапен без да се загрози квалитетот или креативноста на брендот.

Колекцијата содржи и ексклузивен избор на H&M HOME, кој нуди елегантна и разиграна верзија на опуштен луксуз. Ова е првпат Rabanne во соработката на дизајнерите на H&M да дизајнира за домот и тоа во најобемната понуда на ентериери досега.

Rabanne H&M како и H&M HOME ќе настапат глобално, во одредени продавници, како и на hm.com, на деветти ноември 2023 година.

Ann-Sofie Johansson, дизајнерска на женската облека и креативна советничка во H&M, смета дека фустаните на Rabanne се добро познати и лесно препознатливи парчиња од модната историја. Со оваа сензационална соработка купувачите ќе ја добијат блескавата низа дизајни на Rabanne.

Rabanne е бренд на легендарниот дизајнер Paco Rabanne, кој почина на почетокот на годинава, на 88-годишна возраст во Портсал, Франција. Брендот е основан во 1966 година, а Paco Rabanne стана познат по неговите металик футуристички фустани./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.