Savage x Fenty, брендот на Rihanna фокусиран на долна облека, лансира нова капсулна колекција за сите сегашни и идни мајки. Креирана од самата Rihanna, колекцијата вклучува три нови дизајни на градници, во големини од XXS до 4XL како и XXL графичка маичка. Цените, согласно политиката на брендот, се достапни и се движат од 35 до 60 долари.

Градниците се инспирирани од најпродаваните дизајни на брендот и се достапни во различни бои. Инаку, интересот за долна облека наменета за младите мајки е разбирлив, имајќи предвид дека таа го очекува своето второ дете со A$AP Rocky.

Новата капсула колекција има за цел на мајките во секоја фаза од бременоста да им ја донесе сета потребна самодоверба и удобност. Сакам да ги потсетам жените дека сè уште можат да ја канализираат својата сексуалност и да се чувствуваат добро што ќе станат мајки, изјави Rihanna по повод промоцијата.

Големата маичка во која Rihanna позира е со повик за зголемување на наталитетот: “Make More Babies.”/М.М.

 

You may also like

Comments are closed.