Иновативна технологија и прилагодена удобност на новиот дизајн на Aura Wireless маската за спиење се нова помош во борба против несоницата.
Спиењето е и останува суштествен столб на целокупното здравје и благосостојба. Препознавајќи го значењето на квалитетниот одмор, основачот на Аура, Andy Chow, се впушти во мисија да ги промени искуствата на луѓето кои имаат проблеми со спиењето. Визионерскиот потфат наChow и на тимот на Aura Circle, маската за спиење Aura и апликацијата Aura Dreamscape, го редефинираат начинот на кој се гледа на потребата од квалитетен сон.
Во создавањето на маската Andy Chow тргнал од сопствените проблеми со спиењето. Затоа и маската е решение дизајнирано со цел да го трансформира постојниот модел на спиење и да се влијае врз опуштањето.
Aura Wireless Sleep Mask по многу нешта се издвојува од другите маски за спиење: многу е лесна и оптимизирана за оние који спијат воглавно на страна. Има вграден аудио систем што не ги покрива ушите. Маската има своја апликација – Aura, која овозможува пристап до аудио содржините на Dreamscapes, одбрани за полесно опуштање и заспивање.
Според Andy Chow стресот од недоволното спиење или илишувањето од сон, негативно влијаат врз здравјето во целина, како и врз продуктивноста на работата, а овој маѓепсан круг продуцира и многу немирни, тешки ноќи, без окрепувачки сон. Кога „долговите„ за спиење се акумулираат, одењето во кревет често прави големи проблеми при заспивањето.
Деталните информации за маската која може да помогне при заспивањето се тука.