По Скопје, детската балетска претстава „Петар Пан“ ќе имаат можност да ја видат и децата од Штип и од Струмица. Вистински начин да се одбележи крајот на училишната година со омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат.

На 11 јуни (недела), точно напладне (12 ч) во НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип доаѓаат Ѕвончица заедно со Петар Пан, капетанот Кука, Венди, индијанци, пирати… Оргиналноста на претставата е што нема класичен наратор туку либрето го пее Ѕвончица.

Една недела подоцна, на 18 јуни, во 12:00 часот, во НКУЦ -Антон Панов во Струмица, Ѕвончица и прекрасните сонгови ќе ги пресели сите гости во волшебната земја Недојдија.

Петар Пан е потпишан од тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска –  кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска,  сценографијата на Љупчо Јованов а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин.

На сцената доминираат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“ и гостите при балетскиот ансамбл на НОБ: Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау.

Продукцијата на „Петар Пан“ е на  М- Соунд.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.