Трета година по ред, Vogue ќе биде домаќин на официјалниот директен пренос на црвениот ќилим на Met Gala, во понеделник, први мај, известувајќи од еден од најзначајните модни настани во годината. Met Gala ќе се емитува во живо, на сите страници на Vogue, како и на: YouTube, Instagram, Facebook и на Twitter, соопштуваат од модниот магазин.
Домаќин на преносот ќе биде актерот и продуцент La La Anthony, на кој ќе му се придружуваат писателот Derek Blasberg и Chloe Fineman од Saturday Night Live. Emma Chamberlain ќе биде специјален известувач на Vogue.
Официјални копретседатели на Met Gala 2023 се: Michaela Coel, Penélope Cruz, Roger Federer и Anna Wintour.
Хуманитарниот настан Met Gala, кој годинава е во знакот на неизбришливото наследство на Karl Lagerfeld, се очекува да биде празник на модата. Дотолку повеќе што и кодексот на облекувањето е поврзан со делото на мајсторот на модата: “In honor of Karl…”
„Karl Lagerfeld: A Line of Beauty“, е името на изложбата што ќе биде отворена во Metropolitan Museum of Art, од петти до 16 јули. Met Gala му обезбедува на Costume Institute средства за финансирање за изложби, публикации и останати потреби и подобрувања.
Според кураторот Andrew Bolton,изложбата не е традиционална ретроспектива ниту можела тоа да биде сооглед на обемот на творештвото на „Кајзерот на модата„.
Bolton и Amanda Harlech, долгогодишен соработник на Karl Lagerfeld и креативен консултант за изложбата, биле исправени пред неверојатно тешка и деликатна задача: грандиозното дело – по обем и содржина, да го синтетизираат во само 150 изгледи./М.М.