Пролетно/летната машка колекција на Moschino, создадена од сега веќе поранешниот креативен директор Jeremy Scott,е своевидно потсетување на делото на американскиот уметник Tony Viramontes.
Имено, колекцијата на Jeremy Scott, му оддава почит на делото на починатиот уметник Tony Viramontes, кој беше моден илустратор, фотограф и визионер, со креицији који ги премостуваат световите на модата, „комбинирајќи ја слободната форма со реализам и комерцијалната привлечност со умна субверзија„.
Tony Viramontes (1956–1988) беше американски уметник, школуван во Лос Анџелес и Њујорк, кој постигна голем успех во 80-те,во Европа и во Јапонија како моден дизајнер, илустратор и фотограф. Роден е во Лос Анџелес, во семејство на првата генерација мексикански американци. Од крајот на 1970-тите, неговите дела се појавија во бројни публикации, вклучувајќи ги Vogue, Marie Claire, Women’s Wear Daily, L’Uomo Vogue, ID, Tatler, Per Lui, Lei, Le Monde,La Mode en Peinture…
Продуцираше и обвивки за музички албуми и синглови на бројни изведувачи и бендови, вклучувајќи ги и оние на Janet Jackson и на Donna Summer./М.М.
Памучните кошули со илустрациски принт на делата на Tony Viramontes, како дел од пролетно/летната колекција, можат да се видат на следниов линк: https://www.moschino.com/it_it/giacca-in-fresco-di-lana-tony-viramontes-archive-nero-aef231zz050502522555.html