Шпанскиот бренд La Manso викендов ја промовира својата најнова колекција накит создадена со Florence Tétier, создадена низ оригинален занаетчиски процес и рачно боење.

Во преставувањето се истакнува дека колекијата содржи 26 пролетни парчиња кои пристигнуваат точно на време за летната сезона, комбинирајќи ги класичните модели на La Manso со цветни мотиви, создадени со 3D технологија.

Покрај што е креативен директор на JPG и го создаде списанието November Global, Tétier веќе пет години работи на нејзиниот Tétier Bijoux, со кој реализира соработка со бројни брендови, како што се Gucci Vault, Asics и Études.

За оваа посебна пригода, La Manso го зеде духот на францускиот креативец и ги преведе нејзините цветни парчиња и слики од Nicolas Coulumb, овековечувајќи ги двата универзума на уникатен избор на несекојдневен, уникатен накит.

Со своите меки, заоблени форми, поп-бои и блескавите детали, прстените La Manso повторно се измислуваат себеси преку оваа нова, како и претходната соработка. Имено, La Manso и Tétier потпишаа договор за соработка минатиот ноември, кога Florence Tétier, како креативен директор на Jean Paul Gaultier, ја покани Adriana Manso, основачот на La Manso, да учествува во колекцијата Cyber на ​​​​Gaultie инспирирана од две култни модни ревии од 90-тите.

Оваа пролет пак Florence Tétier во свое име потпишува соработка со La Manso.  Во колекцијата, во духот на Tétier,сите 26 модели се рачно сликани и содадени низ посебен занаетчиски процес. Новата, 3Д колекција, создадена токму во трендовите на накитот на оваа и наредната сезоната, наидува извонреден прием и на голем интерес на пазарот./М.М.

Деталите се на https://lamanso.shop/collections/all-rings

You may also like

Comments are closed.