Ова лето, љубителите на светот на Barbie, ќе можат да го видат и филмот за најпознатата кукла во светот. Најавата е веќе објавена и може да се види тука.

 

Barbie доаѓа во кината, а деновиве возбудата ја зголемува и посебно создадената апликација. Обожавателите создаваат свои приказни, а имагинацијата на апликацијата покажува дека во светот на Barbie има место за сите.

Кога се појави во 60-тите, Barbie беше олицетворение на сето она како треба да изгледа една жена: убава, со светли очи и долга руса коса, долги нозе и вита става. Цели децении беше омилена играчка за девојчињата, бидејќи омилената активност беше Barbie убаво да се облекува.

 

Многу врвни светски брендови ја облекуваа куклата во своите најнови креации, користејќи ја како дополнителна реклама. По овој бран уследи и сценариото на создавање на кукли по урнекот на жените во науката, политиката и општестово.

Така дојде и времето на филмот за Barbie, како голем проект, кој имаше особен предизвик во врска со изборот на актерската екипа.

Изборот падна на холивудските актери Margot Robbie како Barbie и Ryan Gosling како Ken.

Сепак, во светот на куклите не постои само една Barbie, туку неколку, па во филмот глумат и Nicola Coughlan и Ana Cruz Kayne.

Со оглед на тоа што во филмот се вклучени голем број ѕвезди, а секоја од нив доби свој постер, интернетот не одолеа да создаде некои смешни мемиња на социјалните мрежи. Наместо фановите да ги вметнуваат лицата во плакатите, многумина  ја искористија апликацијата на филмското студио Warner Bros, па наместо свои, вметнаа глави на други познати ликови./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.