Thom Browne, американски моден дизајнер, основач на истомената и нов Претседател на CFDA, за својата нова есенска колекција за референтна точка го одбира Малиот принц на Antoine de Saint-Exupéry и неговата сентенца “само со срцето може да се види она вистинското, она што е есенцијално е невидливо за окото„.
Според Browne, интересно е што според приказната, децата всушност гледаат повеќе од возрасните. Според изјавата на дизајнерот по ревијата, тоа што во колекцијата иницира одвојување на строгото кроење од концептуалното кроење – тоа е оној дел според кој децата ги гледаат работите поинтересни. Затоа, вели Browne, сакам да ги гледам работите токму такви.
За Browne, модните писти се вистинските места за раскажување на приказни и за чиста креативност –„ воопшто не размислувам за бизнисот и трговијата“, вели тој.
Модниот дијалог на Browne со Малиот принц нуди свое читање преку модели чие што појави во преголеми и димензионирани изгледи се поблиску до инспративни секвенци одошто до носливоста.
Дури на крајот дизајнерот отстапува од сценариото. Малиот принц, идеалист, исчезнува, или, можеби, умира поради својата изгубена љубов, но дизајнерот кој посакува среќен крај, остава ангел да го спасува неговиот херој од меланхолија.
Browne досега напати покажал дека успеал да го нормализира килтот за мажи. Овој пат ги обликува некако поинаку, некако попровокативно, со миди фустаните наменети како за мажите така и за жените. Но, можеби не за долго. „Моето око повеќе не гледа мажи и жени“, вели дизајнерот. „Тоа е за да се види само еден, прекрасен свет“./М.М.