На 14 февруари, најромантичниот ден во годината, облеката има посебно место, особено доколку некој сака некого и со облеката да го импресионира. Обидувајќи се да дадат соодветен одговор на темата „љубов и мода„ големите мајстори на модниот дизајн низ времето нуделе различни решенија, со исто така различен успех, но секогаш со срцето како симбол на љубовта. Погледнете ги изгледите во стилот на „љубов и мода„ који го носат времето во кое се создадени, како и нивното вклопување во тогашните трендови.
- Yves Saint Laurent 2002 – облека за вљубените
Во 1970 година, Yves Saint Laurent дизајнираше повеќебојна венчаница од свилено-кадифе, на која на предната страна беше напишано „Love Me Forever“ (иако на задната страна пишуваше „Или никогаш“(Or Never) во случај на какво било премислување).
- Christian Lacroix 1988
Во претставувањето на „l’amour à la mode„ Christian Lacroix на својата деби колекција за пролет ’88-та, испрати модели на писта со цветни срца. Колекцијата сепак е далеку од сето создадено, а според кое Lacroix е крал на екстравагантноста.
- Courrèges 1994 година
Во 1994 година André Courrèges ја претстави својата најромантична силуета. Две манекенки во портокалови фустани одеа рака под рака по пистата, секој со половина сребрено срце, кое совршено се спои на колкот. Très Mignon, гласеа тогашните кометари.
- Maison Margiela Couture есен 2014 година
Срцата им го дадоа својот облик на многу чанти од Chanel и Louis Vuitton во изминатите 20 години, а во 2019 година се јавија и рамки во облик на срце. Мајсторот на макабриот, Maison Margiela, украси балон од фолија „I Love You“ со кристали и го користеше во колекцијата од 2014 година./М.М.