Најновиот сингл на поп-пејачката Тамара Стојковска „Што ќе остане„ е снимен во ентериерот на некогашната Солунска банка, позната како Алхамбра куќата во Битола. По снимањето, просторот влегува во фаза на целосна реконструкција, па така, новиот спот на Тамара ќе биде спомен за тоа како изгледал овој објект пред неговата комплетна реконструкција.
Најновото остварување „Што ќе остане„ го потпишува Коста Хаџикојчев кој е комплетен автор на песната на Тамара, Ѓорѓи Вацев стои позади продукцијата на видео спотот, кореографијата е на Бобан Русески, танчери се Сара Цветковска и Бобан Русески.

„Кога станува збор за градењето на мојот стил и создавањето музика, секогаш почнувам од тоа која сум јас, како се чувствувам, која емоција имам потреба да излезе од мене преку песна. Тие работи ги дискутирам со тимот што работам на старт и според тоа бираме насока во која ќе се работи новата песна. Обожувам кога соработувам со колеги музичари и изведувачи од било која друга уметност. Верувам дека посебна магија се создава кога повеќе уметници ќе си ја отворат душата на исто место„ – изјави Тамара за последниот нејзин проект.
За себеси Тамара ќе каже дека е со музиката откако знае за себеси. Од 2019 година таа гради соло кариера и издава неколку синглови: Друга ѕвезда, Кажи нешто ново, Жедни, Не ме оставај…/М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.