Од 11 до 14 февруари, во пресрет на Денот на вљубените, во Скопје Сити Мол ќе биде организиран „Љубовен базар„ со уникатни современи уметнички творби, рачно изработено мајстори – креативци.

Своите најнови производи ќе ги претстават дваесетина уметници идивидуалци и 19 брендови.
Базарот ќе биде поставен во приземјето на Сити Мол, кадешто ќе биде посетителите ќе можат да најдат автентични креации од: Monkdolls – љубовни спомени во рамка; Шарено ќоше – рачно насликана керамика и уникатни дизајни со персонализирани подароци; Кожарска работилница Хорват – рачна изработка на производи од природна кожа, Атеље Марта Пејоска – сребрена езерска приказна прелеана во филигран; Преплет – дизајн студио препознатливо по уникатни фрази испишани на кирилица; IGNIS.Creative – деликатни восочни фигури; Ленка – рачни везови на иновативен начин; NOMAD Studio – еколошки производи со современ дизајн; M&M Luxury soap bouquet – ароматизирани сапуни дизајнирани во форма на цвеќиња и чоколадни бомбони; Marcy’s handmade – шарени приказни во форма на накит за сонувачи и храбри луѓе; Индиго тату студио – со тетовирањето нештата ги претвораат во вечност за да не бидат заборавени; Wanderlust – смели керамички дизајни; Елена Ристовска – накит кој е синтеза на знаење и творечка вештина; Woodyz – дрвени пеперутки и целосна палета на модни додатоци за мажи и жени; креативно студио Алегра – уникатен спој од графички дизајн и рачна изработка, MORPHO – филигрантска умешност испреплетенa во современ накит; Атеље Сиена – испреплетени креативни приказни на мајка и ќерка, преточени во накит, Блумен и Арт 2005 – цвеќара која аранжманите со цвеќе ги претвора во уметност и Vincinni – Слатко љубовно задоволство./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.