Од своето основање, италијанската модна куќа Moschino го истакнува својот ексцентричен поглед на модата, преку еден свој, особен пристап кон колекциите, во који има многу ведрина и – хумор. Со Jeremy Scott на чело, брендот продолжува во таа насока, проширувајќи го репертоарот на чуства што сака да ги поттикне, за новите модни ентузијасти.

Има толку многу сериозни работи во светот, така што јас одбрав да бидам една од нив. Модата е луксуз – мислам, не ви е потребна – и затоа треба да побуди и донесе задоволство – да ве направи среќни“, појасни креативниот директор Jeremy Scott за Гардијан, додавајќи: Модата треба да има трансгресивна природа; да направи да се чувствувате како некој друг, да ви даде ново ниво на емоцији, а сето тоа да донесе нова радост.

Продолжувајќи ја својата мисија, во изместувањето на правилата на модата преку чуден објектив, Moschino ја создаде малата, капсула колекција наречена Logo Moschino, кадешто воздухот на ноншалантност продира во оваа мала, капсула колекција, со ready-to-wear облека и модни додатоци.

Лого мотивот на познатиот бренд зазема централно место во низата на монохроматските нијанси на чоколадно кафена, нежно сина и пастелно розова боја, на облеката, аксесоарите и чевлите.
Преставувањето на Logo Moschino, на новата монохроматска лого колекција е на сајтот на модната куќа: https://bit.ly/LogoMoschinoSS23

Logo Moschino содржи низа артикли во категориите женска и машка облека: од пуфер јакни, до сатенски салонки, соодветни тренерки и плетени комплети; палета на луксузни додатоци за патување; футроли за лаптоп, ранци, багаж за тексас, најлон и кожни производи и жакард./М.М.
https://www.moschino.com/it_it/moschino/logo.html

 

You may also like

Comments are closed.