Дали истото се однесува и на законодавството, кое досега молчи кога е во прашање заштитата на правата на децата – зошто досега не ја процесуира и санкционира така-наречената контроверзна кампања во која се злоупотребени децата.

Годинава Balenciaga ја започна со нова продажна тактика: на бројни адреси, како информација, пристигнува понудата за купување на нивната Crush Chain Bag, по цена двојно пониска од онаа по која почна продажбата на ќесата за ѓубре, преставена лани како есенски хит на Balenciaga.

Crush Chain Bag е класична чанта, изработена од квалитетни материјали, со цел купувачите да се излажат – да заборават на срамните кампањи со употреба на деца, и да ги отворат паричниците.

Директната, безмалу илегална продажба, уследи по повлечените покани за настани, побараното отсуство од модни манифестации, протестите пред продавниците на Balenciagа и револтот на социјалните мрежи, со који е упатена јасна порака, не само до оваа модна куќа, туку и до сите други девијантни појави, не само во светот на модата.

Револтот и побараниот и промовиран бојкот на производите на оваа модна куќа имаат и друг мотив. Треба да го подсетат законодавството, кое досега молчи кога е во прашање заштитата на правата на децата – зошто досега не ја процесуира и санкционира така-наречената контроверзна кампања во која се злоупотребени децата.

За потсетување: Скандалот избувна кон средината на минатиот месец кога Balenciaga ја објави својата празнична рекламна кампања, во која беа прикажани деца кои позираат со чанти- плишани мечиња,во BDSM опрема. На фотосесијата, децата се сликани опкружени со празни чаши за вино и шампањ. Очигледните теми за возрасни, веднаш го наметнуваат прашањето зошто биле користени деца?

Освен оваа кампања, по која уследија формални извинувања , Balenciaga допрва треба да одговори и за вклучувањето на книгата на Michael Borremans, во позадина на две од сликите од кампањата за пролет ’23 година. Од DailyMail.com наведуваат дека на сликата од (подоцна повечената) кампања на Balenciaga за пролет ’23, Isabelle Huppert седи пред куп книги, вклучително и една што го слави белгискиот сликар чие дело вклучува слики на голи кастрирани мали деца.

Тоа, за жал, не е се: во заднината на една од сликите со чанти, од кампањата за пролет ’23, се наоѓа отпечаток од пресудата на Врховниот суд, за тоа дали интернет детската порнографија може законски да се смета за слобода на говорот или не.

За вклучување на документи поврзани со детска порнографија Balenciaga побрза да ја обвини North Six, продукциска компанија која помогна да се организира снимањето. Тврдеа дека сите реквизити од фотосесијата ги довериле на North Six и дека нивниот тим бил уверен дека сè што е вклучено е лажно(?!). Сите који работат маркетинг знаат дека оправдувањето не држи, а многумина на социјалните мрежи и го објаснија и патот на контролите во сите фази на создавањето, како и на задолжителните одобрувањата на промотивните и рекламни материјали од страна на нарачателите.

Сега директните пораки и понуди, како оваа со Crush Chain Bag имаат за цел тивко, далку од очите на јавноста, да почнат да го топат ледникот на кој плови Balenciaga.

Зошто така: па организаторите засега ја држат модната куќа далеку од модните настани. Во привремениот распоред за сите настани предвидени за 2023 година, објавен од Федерацијата на висока мода (FHCM), (Fédération de la Haute Couture et de la Mode), нема место за Balenciaga.

Завиткана во молк, Balenciaga ги претркала декември и празниците за еве сега, со нова стратегија, да бара купувачи. Останува неодговорено каде се објаснувањата што јавноста ги очекува, и каде е законодавецот и обвинителната клупа за однесувањето кон децата во оваа модната куќа./М.М.

 

 

 

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.