Плакарите зимава треба да се исполнети со сонце – со топлина што ја шири новата “Neve World” колекцијата на Jacquemus.
Во главната улога на рекламната кампања за колекцијата се хаски и британскиот рапер Central Cee, кој е и заштитно лице на Jacquemus зимската кампања.
Jacquemus во својата најнова зимска колекција се претставува со неверојатно меки и топли плетива.
Освен додатоци, колекцијата содржи и блузи, џемпери, како и соодветни панталони. Доаѓа во калеидоскопска палета на бои, вклучувајќи нијанси на сина, виолетова, розова, црвена, бледо бела, портокалова и кафеава.
Во рекламата на францускиот бренд настапуваат хаски – крзнените човекови пријатели, со нови плетени наметки за домашните миленици.
Освен тоа, меките костуми кои наликуваат на хаски крзно се клучен модел на „Neve World“./М.М.