Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, на 25 и 26 ноември годинава во хотелот „Мериот“ ќе ги собере сите вљубеници на виното.
„Винодинија“ – за многумина и рај за хедонисти, ја негува винската страст, промовира добри вина и претставува настан што, освен едукативен карактер, со години ја потврдува својата цел: подигнување на свеста за значењето на виното и супериорен развој на нашата винска култура.
Организаторите најавуваат дегустацији на вина од 60 винарии, со импресивна бројка од 450 етикети.
На „Винодонија“ годинавапо ќе се случат повеќе работилници и мастер клас дегустации, насловени по земјите: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.
Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски достигнувања на околу 15-тина гастрономски брендови на Македонија.
Адут повеќе на „Винодонија“ ќе биде и музиката на бендот на Ѓорѓи Шаревски./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.