Сличноста на Kaia Gerber со нејзината мајка Cindy Crawford, славната манекенка од 90-тите, навистина е впечатлива, а особено доаѓа до израз кога заедничкиот шминкер и стилист ќе ја подготват Kaia за некој посебен настан.
Нејзиниот изглед на Gala Academy Museum во Лос Анџелес беше еден од нив. Естетиката на 21-годишната девојка се однесуваше на супермоделот од деведесеттите, во фустан на Alaïa, дизајнер кому Cindy Crawford му беше долгогодишна муза. Прекрасниот изглед на Kaia Gerber потсети на таа приказна.
Косата на Kaia Gerber беше во стилот на нејзината мајка, но на модерен начин – ги има сите гламурозни белези на Crawford, но со поголема структура. Шминката на Gerber исто така беше ретро-наклонета: комбинирана е сенка во боја на шрес, со прецизно дефинирани кафеави усни (уште еден заштитен знак на Crawford ). Делото на make-up уметникот на Valentino, Raoúl Alejandre претставува свеж приказ на убавината од деведесеттите, што веројатно ќе инспирира безброј изгледи оваа сезона./М.М.