LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за деца, туку и како страст што ги надминува годините.
Во рамките на одбележувањето на 90 години постоење, данскиот производител на играчки LEGO создаде пригодна кампања.
Во видео приказната на LEGO, се потсетува на историјата на брендот, од неговите почетоци – како производител на дрвени играчки, до менување во шарен и креативен комплет играчки со трага дури и во глобалната поп-култура.
Како дел од активносите кои ги има планирало LEGO за одбележување на својот јубилеј се и вклучување и ангажман на повеќе креативни личности, вонреден одмор за вработените, како и претворање на продавниците на LEGO во игротеки за деца.
Кампањата е резултат на истражување кое опфатило 30 држави и вклучило околу 55,000 деца и нивни родители притоа откривајќи дека огромно мнозинство родители ја поддржуваат идејата за примена на играта во развојот на децата, со цел поттикнување на важни вештини како што се комуникацијата и решавањето проблеми./М.М.