Во новата кампања на Marc Jacobs се појавува Winona Ryder, за да ја претстави чантата за рамо J. Marc. Фотографирана е во архивски парчиња и штикли на платформата до небо, како потсетување на нејзината рекламна кампања за Marc Jacobs, за пролетта 2003 година.
Winona Ryder е со децении пријателка со Marc Jacobs. Во 2001 година, таа беше фамозно уапсена за кражба на дизајнерски парчиња – вклучително и џемпер од колекцијата на Jacobs. На судењето носеше и фустан од Marc Jacobs, а по брилијантниот маркетиншки потег, следеа настапи на славната актерка во кампањите на Marc Jacobs.
За Marc Jacobs, Winona Ryder е дел од семејството и вечна муза. На модните ревии на Marc Jacobs таа е секогаш во првиот ред, а во 2015 година беше и заштитно лице на Marc Jacobs Beauty колекцијата.
За соработката низ децении Marc Jacobs на својот Инстаграм профил објави серија нејзини фотографии, снимени за потребите на изминатите кампањи./М.М.
Сликите од најновата кампањата пак се најдоа на нејзината страница https://winona-ryder.org/2022/06/winona-for-marc-jacobs/