Предложената изградба на првиот во свет Биткоин град е дел од континуираното прифаќање на биткоинот во Ел Салвадор каде што криптовалутата од лани е официјална валута.

Претседателот на Ел Салвадор, Nayib Bukele ја претстави архитектурата на првиот град на планетава кој ќе биде изграден и ќе функционира врз основа на криптовалутата Биткоин. Градот ќе биде сметен во близина на вулкан, на југот на земјата. Претседателот Bukele го претстави моделот на идниот град со tweet: доаѓа преубавиот #BitcoinCity.
Ќе биде изграден на заливот Фонсека, на јужниот брег на Ел Салвадор, со продажба на обврзница во Биткоин.

Енергијата ќе ја добива со искористување на геотермалните извори од блискиот вулкан Conchagua.
Градот ќе има формата што наликува на биткоин криптовалутата и е дело на мексиканскиот архитект Fernando Romero, основач на архитектонското студио FR-EE. Моделот во златна боја покажува концентричен град кој зрачи од централниот плоштад означен со логото на биткоин.

Bukele објави и слики од неколку знаменитости згради кои ќе бидат изградени на плоштадите и слики од заоблен аеродром.

„Градот нема да биде во бојата на златото, тоа е само избор на архитектот за моделот “, објаснува претседателот. „Вистинскиот град ќе биде претежно зелен (дрва) и син (море)“, со прекрасен видиковец во продолжение на вулканот, над градот“.
Предложената изградба на првиот во свет биткоин град е дел од континуираното прифаќање на биткоинот во земјата. Минатата година, Ел Салвадор стана првата земја во светот што ја направи криптовалутата своја официјална валута.


За финансирање на градот, Ел Салвадор има намера да издаде обврзница од 10 милијарди долари, од кои половина ќе биде инвестирана во Биткоин, а половина во изградба на градската инфраструктура.
Bitcoin City ќе се напојува со геотермалнаѕа енергија од вулканот, која исто така би се користена за ископување Биткоин. Рударството на криптовалути – процесот на создавањето на дигитална валута ќе биде исклучително енергетски интензивен./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.