По L’Oréal и Estée Lauder и Natura остануваат во групата највредни брендови за убавина, според извештајот на Brand Finance Cosmetics 50
L’Oréal ја задржа титулата највреден бренд во светот, согласно извештајот на Brand Finance Cosmetics 50. По L’Oréal, следат Estee Lauder, Gillette, Nivea и Guerlain во првите пет највредни брендови.
Изминатава година вредноста на брендот Gillette е намалена за осум проценти, додека вредноста на брендот Nivea се зголемила за 10 проценти, на 6,8 милијарди американски долари. Вредноста на Guerlain е зголемен за осум проценти, односно на 6,1 милијарди американски долари.
Според Brand Finance, L’Oréal има изградено значајна вредност во текот на 100-годишното работење, продолжувајќи да „иновира и стекнува комплементарни брендови кои се надоврзуваат на нејзината значајна историја, вредност и традиција“. / М.М.
На следниов линк можат да се видат сите податоци за L’Oréal во светски рамки https://www.loreal-finance.com/en/annual-report-2021/cosmetics-market/