Параолимписката спортистка Scout Bassett е лицето на новата колекција

SKIMS, брендот на Kim Kardashian, лансира посебна линија на долна облека за лицата со попреченост. Инклузивната SKIMS колекција комбинира лесен пристап до затворачи, во голем број на големини и бои, за да одговараат на различни тонови на кожа и типови на тело. Приспособливата колекција вклучува долна облека со посебен вид затворања кои се прицврстуваат со помош на посебни копчиња.
Оваа суптилна карактеристика на пристапен дизајн им го олеснува облекувањето на луѓето со ограничена подвижност.
„За да влезам во обични гаќички, обично морам да седнам и да ја поместувам протезата “, вели параолимпијката Scout Bassett, која е заштитно лице на новата линија производи.

„Сега навистина лесно може да се влезе и да излезе од ваква долна облека. Друг убав елемент на оваа колекција е тоа што на луѓето им нуди опции, стилови и бои“, истакнува Bassett.
Колекцијата е продолжение на SKIM Fits Everybody, која содржи долна облека во широк опсег на големини од XXS до XXXXL, изработена во мека мешавина од најлон-спандекс.
Проширувањето на достапната понуда на SKIMS е клучна стратегија за брендот и за во иднина, истакна на преставувањето ко-основач и извршна директорка, Jens Grede. „Препознавме празнина на пазарот за адаптивни решенија кои не само што се достапни и лесни за носење, туку се и исклучително удобни, елегантни и достапни во поголем асортиман на нијанси и големини“./М.М.

You may also like

Comments are closed.