Nina Ricci ја претстави својата нова тоалетна вода која изобилува со свежина: Nina Soleil. Светлата и смела интерпретација на култната парфемна вода отвора ново поглавје во историјата на мирисот, кој веќе стана класика.
Поставен во познатото шише во форма на јаболко, овој парфем на Nina Ricci, создаден во ограничена едиција, ги содржи во горните ноти мандаринскиот бергамот, во срцето шантили и гарденија, а во основата ванилата и кедарот.
Претходничката на Nina Soleil, Nina Rose, донесе посебна свежина благодарение на нејзиниот цитрусен под-тон, додека Nina Soleil се обидува да остане во склад и со ова расположение, но и да донесе нешто свое./М.М. https://www.ninaricci.com/fragrance/product/nina-soleil