Епитомизирајќи го кристалниот начин на живот Swarovski создаде Лабораторија на креатори
(Creators Lab) со цел на клиентите да им овозможи создавање на производи во соработка со некои од најценетите светски брендови. На промоцијата се преставени и некои од досега остварените соработки, како и заеднички создадените производи.
Една од првите соработки на Swarovski во оваа насока е со МАРКЕТ, брендот за спортска облека за кои е направена SMILEY Globe, обложена со кристали. Покриени со илјадници техниколорни кристали на Swarovski, кошаркарските топки доаѓаат во две големини.
Направени со ретрорефлектирачки кристали на Swarovski, патиките Air Force 1 LXX создадени за Nike. Кои се инспирирани од сјајот на рефлекторите на патиштата и стилски го издигнуваат класичниот модел Air Force. Достапни се за купување преку апликацијата NIKE SNKRS и Swarovski Creators Lab.
Овие, како и некои од најновите производи на Creators Lab ќе бидат претставени во концептуалните продавници на Swarovski Instant Wonder низ Европа и Америка./М.М.