Марија Чањи, сопственичката на брендот CHANYMARIA, својата најнова колекција, наменета за пролет лето 2022 година ја нарече „Витези на сегашноста„.
Според дизајнерката, витезите се симбол на сила, храброст и на добри намери и затоа инспирацијата за колекцијата всушност се размислите за витезите на сегашноста, односно дали тие постојат и дали во секој од нас постои еден таков.
Пораката што Марија Чањи сака да ја пренесе со колекцијата е дека силата и храброста што сите во себе ја носиме треба да биде насочена кон подобрување на светот во кој живееме, будење на емпатија и инспирирање на другите со својот пример на витештво.
Колекцијата е наменета за оние кои се осмелуваат да експериментираат со комбинирање на различни стилови и материјали. Се карактеризираат со комбинација на различни бои, дезени и стилови, комбинации на предимензионирани форми, претежно големи надувани ракави, силни широки раменици кои укажуваат на моќ, сила и борба, а во исто време даваат примеси на нежност и романтика.
Претставувањето на брендот на меѓународната модна сцена, на миланската Модна недела, е потврда за уникатниот израз на младата дизајнерка и преставува значаен чекор за нејзината натамошна кариера./М.М.
More in:Мода вести
CIAO BELLA! SKIMS и Dolce&Gabbana лансира нова колекција
SKIMS и Dolce&Gabbana создадоа нова колекција која, според соопштението, го спојува италијанскиот раскош на D&G ...
Emily Ratajkowski е новата амбасадорка на Intimissimi
Американската моделка и актерка Emily Ratajkowski стана нов амбасадор на италијанскиот бренд за долна облека, ...
Dior претставување создадено со вештачка интелигенција
Реклама за Dior, објавена на LinkedIn од David Blagojević (@davinci_production) привлече големо внимание на маркетерите ...
Стил и елеганција во новата GUESS колекција
Georgina Rodríguez, ѕвезда на Netflix документарецот I Am Georgina и сопруга на фудбалската ѕвезда Cristianо ...