„Мust-have“ парчињата на празничната кампања на Team Versace го слават животот, зимските радости и повикуваат на разонода и спортување на белите пространства.
Во чест на зимскиот спорт и на италијанската извонредност, кампањата го преставува најелегантниот спортски тим на сезонава.Спортистката Rebeka Gilardi ги прикажува посакуваните дизајни за сезоната на подароци во кои се и новите бои на La Medusa торбичката. Во Team Versace се и Stela Maksvel и Malika Lubak.
Од новиот La Greca принт до Barocco облеката за журки кампањата прикажува одбрани парчиња идеални за сезоната на празници што е пред нас./М.М.