Zendaya и Timothée Chalamet ги обединија своите сили и влијание во модата и во светот на забавата за впечатливо претставување на новото издание на Dune.
На лондонската премиера во Odeon, се појавија во креација што сосема доликува на sci-fi инспирираниот филм: таа во авангарден фустан на Rick Owens, а тој во свечен костум на Alexander McQueen, од колекцијата за пролет/лето 2022 година.
Прикажувањето почнува на 22 октомври на HBO Max.
На претставувањето на филмот на Venice Film Festival 2021, како и потоа, во Париз, актерите се појавија во атрактивни модели на врвни светски дизајнери, за и на тој начин, со впечатливи изгледи на црвениот ќилим, да го насочат вниманието на јавноста кон приказната на Dune./М.М.