Nelson Tiberghien и Isabelle Chaput се по многу нешта единствен пар на Интернет. Преку Instagram профилот @young_emperors, покажуваат како изгледите можат да се комбинираат и на забавен начин. Нивниот проект, со 249,000 следбеници започнал, како што пишува L’Officiel Brazil, во 2018 година и содржи видеа, фотографии и повеќе продукции во доменот на модата и на креативноста.
Tiberghien and Chaput се сретнале во 2013 година, на студиите по фотографија на престижниот Gobelins, во Париз. На пракса биле заедно во Њујорк, каде и ја започнале врската.
Инспирирани се од облекувањето на луѓето во Јужна Кореа, каде што усогласувањето на секој детал на гардеробата на паровите не е реткост, дури и кога се работи за парчиња од Prada, Balmain и Chloé.
На Instagram и на TikTok профилите се зад проектот Cesar Love Alexandrе, во кои сликаат професионално за клиенти и брендови. Следат некои од најинтересните изгледи на Tiberghien and Chaput./М.М.