Expo 30 е настан што ќе биде одржан на 16 и 17 септември на просторот пред Музејот на современа уметност, по повод одбележувањето на 30 години независност. Организаторите најавуваат модни ревии на македонски дизајнери, документарец, диџеј сетови и дегустација на македонски производи.
Во фокусот ќе биде македонската мода претставена преку премиерна проекција на документарен филм – ретроспектива на македонската мода во изминативе три децении првите, како и преку модни ревии на десет македонски модни дизајнери./M.M.