Søren Le Schmidt

Пролетната колекцијата на Søren Le Schmidt ја има традиционалната рафинираност, но е и освежувачка:

Ја нагласува индивидуалноста над се друго, претворајќи ги во мода родовите традиции или игнорирајќи го сето тоа заедно.

Søren Le Schmidt

Тоа се однесува како на машките рефлектирачки бањарки и микро мини шорцеви, така и за женските преголеми блејзери.

Презентирано е во најголема мера црно –бело, освен споменатото сребро и шокантната смарагдно зелена боја во неколку од централните изгледи. Нема логоа или принт белези но, сепак е непогрешливо Soeren Le Schmidt.

Инаку, Soeren Le Schmidt е моден бренд со седиште во Копенхаген, најчесто поврзан со дизајни на црвениот тепих за познати личности од Данска, но и  пошироко, поради вештите и извонредено оригинални  кроеви.

Секоја колекција не се базира само на кроење на старата школа, туку е комбинирана со референци за суб-култури и јасен, остар допир, оддавајќи почит на различноста во истакнувањето на културата и родовата флуидност.

Søren Le Schmidt

Soeren Le Schmidt е инспириран од архитектурата: неговите стилови се секогаш многу графички и минималистички – освојуваат со безвременски изглед и гардероба за во годините што доаѓаат.

Имајќи ја одржливоста како главен фокус, Soeren Le Schmid континуирано се стреми кон користење на целосно одржливи ткаенини, зачувување на  остатоците на ткаенини, како и постојано реконструирање на претходните дизајни. Користи производство на барање, нема отпад од ткаенините и складирање, и овозможува повеќе прилагодување на дизајни.

Името на Soeren Le Schmidt е поврзано со многу проекти и соработки, меѓу кои се и  Ecooking, Sofacompany и Pilgrim./М.М.

Søren Le Schmidt

Søren Le Schmidt

Søren Le Schmidt

Søren Le Schmidt

You may also like

Comments are closed.