Тековната New York Fashion Week, исполнета со модни ревии во живо и дигитални модни филмови, завршува во недела,12 септември, со шоуто на американскиот дизајнер Tom Ford. Следната вечер потоа се најавува враќање на една од најголемите модни ноќи: Met Gala, која ветува црвен тепих преполн со sвезди во внимателно испланирани ансамбли.
Christian Siriano, Brandon Maxwell и Gabriela Hearst се меѓу оние кои на New York Fashion Week ги прикажуваат своите колекции за пролет-лето 2022 година. Ограничувањата на „Ковид-19“ се причина за бројни дигитални модни филмови и на ова издание, а на ревиите што се одржуваат со публика од сите учесници се бара доказ за вакцинација.
Тоа што бројни брендови се заглавени со виртуелни излози,, не ги обесхрабри оние кои се решија за локации во реалниот свет: Ulla Johnson така ја презеде ботаничката градина во Бруклин, а LaQuan Smith е домаќин на модното шоу во зградата на Empire State Building.
Познати манекенки, исто така, се враќаат на модната писта, а меѓу нив се и Gigi Hadid, за Proenza Schouler, додека манекенките со плус-големина Precious Lee и Candice Huffine настапуваат за Christian Siriano.
Секако и оваа модна недела ужива во вниманието на мноштво познати личности во првите редови на модните ревии./M.M.