Поради убавината, смирувачкиот мирис и лековитите својства, лавандата се нарекува и медитеранска кралица. Името потекнува од латинскиот збор lavare, што значи миење и се однесува на лековитото дејство и нега на кожата.

Со висок пласман кога станува збор за популарноста, маслото од лаванда може да се користи на повеќе начини и има повеќе намени. Меѓу нив е и опаѓањето на косата и нејзина обнова.

Истражувањата покажаа дека есенцијалното масло од лаванда може да го промовира раст на косата. Неодамнешните експерименти, со постојана примена на маслото од лаванда на места без коса, резултираа со зголемен број фоликули на крајот од студијата. Кај луѓе со алопеција ареата, секојдневното нанесување на есенцијално масло од лаванда, заедно со рузмарин, мајчина душица и кедрово дрво, условило по седум месеци, повторно растење на косата.

Во народната медицина, лавандата е добро познато лековито растение, кое долго време се користи како седатив, против несоница и главоболка. Како средство за дезинфекција и освежување на просторот, лавандата се користела уште од античко време.

Како ароматично растение, лавандата се користи за производство на етерични масла, бањи, сапуни, шампони, производи за нега на тело, парфеми…

Само неколку капки есенцијално масло ќе помогнат против стресот.

Маслото од лаванда е составен дел од ароматерапијата, бидејќи доаѓа со цела листа на посебни својства, како што се антиинфламаторно, антисептично, антибактериско и антимикробно дејство.

Ова скапоцено масло има свои придобивки и во светот на убавината и во светот на здравјето, бидејќи може да помогне да се смири и лекува кожата, косата и телото./М.М.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.