Доколку јадете на брзина, го прескокнувате појадокот или во исхраната немате доволно влакна тогаш вашите навики се директно против вашите настојувања стомакот да ви биде рамен. Освен физичката активност и вежбите и исхраната има големо влијание кога е во прашање рамниот стомак и тенката половина. Листата на штетните навики што се пречка на патот до рамен стомак за жал не е куса, а ова се некои од најчестите.
Прескокнувате појадок
Старата поговорка за долг и здрав живот вели: појадокот изеди го самиот, ручекот подели го со пријателот, а вечерата дај му ја на непријателот на вашето здравје! Појадокот често се прескокнува: некои велат не се гладни, другите немаат време, третите неможат наутро да јадат. Но, за желбата наречена рамен стомак, од суштествено значење е денот да започне со нутритивно богат оброк кој вклучува разновидна храна. Добар избор е овесна каша со сезонско овошје и јаткасти плодови.
Јадете премногу брзо
Би било идеално да се посветат околу 20 минути за оброкот, велат експертите. Кога јадете брзо, не го контролирате количеството храна што го внесувате па можете да јадете многу повеќе отколку што е потребно на вашиот организам. Со долготрајно жвакање и бавно јадење ќе јадете помалку, нема да голтате многу воздух , што ја поттикнува надуеноста – наместо рамен стомак.
Не пиете доволно вода
Вообичаена заблуда е дека водата ја влошува подуеноста. Водата што се конзумира половина час пред или по оброкот помага подобро да се свари храната. Освен тоа, им помага на влакната да се движат и спречува опсипација.
Конзумирате премногу вештачки засладувачи
Иако можеби мислите дека е подобро да изберете опции во кои се наведува дека немаат шеќер, факт е дека се полни со вештачки засладувачи кои можат да бидат пречка за рамен стомак. Имено, вештачките засладувачи не се разградуваат во дигестивниот тракт и можат да предизвикаат надуеност. Најдобрата алтернатива на шеќерот се опциите како стевиа.
Претерувате со јаглехидрати
Самите јаглехидрати не се лоши, но треба да се внимава на количеството. Тие не треба целосно да се елиминираат, но би било добро да ги ограничите само на појадок и ручек и да ги збогатите со зеленчук и протеини.
Не јадете доволно влакна
Влакната се вашиот најдобар пријател ако сакате рамен стомак. Тие не само што помагаат во варењето на храната, а со тоа и спречуваат надуеност, туку и вие сте подолго сити поради нив.
Најдобро е да добивате влакна преку храна како што се наутот, темниот грав и леќата. Ниско калорични се, ве прават сити и помагаат во варењето и исфрлањето на маснотиите од телото./М.М.