Новак Ѓоковиќ се приклучи на Hublot семејството, во друштво на легендарните спортисти како Pelé, Kylian Mbappé или Usain Bolt! Неколку дена пред почетокот на УС Опен, светскиот тенисер број еден одлучи да стане амбасадор на швајцарскиот производител на луксузни часовници. https://www.hublot.com/en-int/?country=ME
Од Hublot не го кријат задоволството и гордоста што во нивното семејство влегува човекот кој од ден на ден се докажува како најголем тенисер на сите времиња.
„Особено ни е чест што големиот Новак Ѓоковиќ се придружи на нашето прекрасно семејство, вели Ricardo Guadalupe, првиот човек на Hublot. Тој е играч кој влегува во тениската историја со тоа што е единствен, прв и различен, а тоа е токму нашето мото„.
„Како спортист воден од амбицијата да пишува историја во тенисот, особено сум горд на можноста да се приклучам на семејството Hublot, кое веќе може да се пофали со спортисти кои оставиле белег во нивните дисциплини станале легенди, вели Новак Ѓоковиќ. Имаме уште многу заедно да освојуваме!”
Големите тениски имиња имаат брендови за часовници чии се промотори, но не и Ѓоковиќ.
Од Hublot велат дека традиционално, посакуваат нивните часовници да се на рацете на најдобрите во светот – токму како што е во случајот со Ѓоковиќ./M.M.