Модната куќа Dolce & Gabbanа, изминатиот викенд го имаше целосно внимание на модниот свет. Во три ексклузивни настани во Венеција претставени се три колекции – новата машка мода, првата NFT колекција DG Genesis, како и луксузната колекција на висока мода Alta Moda.

На модната ревија на Alta Modа за постојните и потенцијални клиенти присуствуваа и многу познати лица – од Dojа Cat, Ciarа и Kourtney Kardashian, Monicа Bellucci и Kitty Spencer до Helen Mirren и Jennifer Lopez.
Погледнете го претставувањето на Alta Moda на кое манекенките на Piazzetta San Marco пристигнуваа со гондоли до пистата: https://venezia2021.dolcegabbana.com/en/alta-moda.html

Alta Moda годинава е колекција од 100 скапоцени изгеди, создадени со мотиви инспирирани од историјата и убавините на Венеција и изработени во свила, брокати, кадифе, Мурано стакло и кристали, везови и специјални ткаенини.
„За нас, Венеција претставува совршена хармонија на спротивностите што се привлекуваат. Таа е романтична и сензуална, меланхолична и радосна, рационална и визионерска, светла и ноќна, света и профана, темна и златна“, изјавија Domenico Dolce and Stefano Gabbana по завршувањето на модната ревија запрашани за инспирацијата и изборот на место на одржувањето на модниот спектакл. „Тоа е градот на Казанова, на карневалот, на историската регата и на Големиот канал“.
Колекцијата и ревијата AltaModa е обвиткано со магијата на Венеција, каде уникатните емоции се собираат во совршен дијалог помеѓу исклучителната убавина и безвременската италијанска изработка.

Jennifer Lopez со својот атрактивен, необичен D&G стајлинг привлече големо внимание на ревијата и на социјалните мрежи. Прекрасна зелена наметка со цветен дезен што достигнуваше до подот, беше надополнта со топ и панталони со висок струк кои ја истакнуваа нејзината фигура, а комбинацијата ја надополни со сандали со вртоглави платформи што вообичаено сака да ги носи и мала златна торбичка.
Комбинацијата ја сподели и на својот Инстаграм профил и доби неколку милиони лајкови од обожаватели кои и рекоа: Изгледаш прекрасно!/М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.