Првиот предлог е новата парфемска вода Beautiful Magnolia, вториот Rebellious Rose – руменило за образи во розови универзални нијанси, а карминот Pure Color Envy во Rebellious Rose е третиот предлог за беспрекорен изглед летово.
Новата парфемска вода Beautiful Magnolia, е претставена низ кампања со прекрасната Ana de Armas:
Beautiful Magnolia на Estée Lauder е нов женски мирис создаден од Anne Flipo и Laurent Le Guernec. Горните ноти се лисотви Магнолија, Лотус и Мате, средните ноти се цветот на Магнолија, Гарденија и Турска роза, основните ноти се мошус, кедар и сандалово дрво.
Во Beautiful Magnolia е ставено се што најмногу сакаме кај цвеќињата, велат во Estee Lauder, за да ви подариме модерен цветен мирис: свеж, младешки и несомнено женствен.
Осмелете се да сакате: Хипнотичката мешавина со потпис на бујна Магнолија, соларна Гарденија, топло дрво и прозрачен мошус е за да се чуствувате романтично, женствено – да блескате!
Вториот предлог за летово е Rebellious Rose – руменило за образи во розови универзални нијанси.
Луксузната, сензуална текстура од крем до пудер, прекрасно прилега на тенот, давајќи и вошебен сјај на кожата. Врвниот квалитет му дава особен израз на лицето, истакнуваат од Estee Lauder.
Pure Color Envy во Rebellious Rose карминот е третиот предлог за беспрекорно незаборавно лето.
Интензивната боја за обликување на усните што ја сакате, карминот Pure Color Envy во Rebellious Rose во розова колекционерска футрола е супер кремаст, сензуално мек, мазен и удобен.
Обликувајќи ги усните, едновремено и ги чува и хидрира.
Pure Color Envy е со повеќе тонови и подтонови, така што секако ќе ја најдете омилена, вистинска нијанса на бунтовна роза./М.М.