Изложбата на еден од најпознатите светски дизајнери Жан Пол Готје со наслов „Љубовта е љубов – радоста на бракот за сите“ се одржува во Музејот на современа уметност во Белград. Претставени се вкупно 38 венчаници, досега изложени во 12 градови низ светот, а ја погледнале повеќе од два милиона посетители, што го урна рекордот на посета на модни изложби. За Србија и регионот ова е прва изложба на висока француска мода и обид за дијалог и демократизација за нарушување на традиционалната идеја за тоа што е и што треба да биде музеј. Претставените креации се создадени помеѓу 1991 и 2000 година, кога модниот дизајнер се повлече од својата работа. Во тој период, од 1991 година до 2020 година, тој постигна своевидна плодна бунтовничка кариера и тоа може да се види во некои од формите претставени на изложбата.

Венчаниците на Готје предизвикаа голем интерес кај посетителите, а изложбата ќе биде отворена до 14 февруари 2021 година. /М.М.

Изложбата на Жан Пол Готје „Љубовта е љубов – радоста на бракот за сите“ се одржува во Музејот на современа уметност во Белград

Изложбата на Жан Пол Готје „Љубовта е љубов – радоста на бракот за сите“ се одржува во Музејот на современа уметност во Белград

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.