Virgil Abloh

Таму сме каде што наместо за  дизајнери и креативност се внимава на бројки и маркетинг

Виргил Аблох (Virgil Abloh) американски дизајнер, архитект и DJ, познат по своите издржани и смели изјави за иднината на модната индустријата, на крајот на оваа, по многу нешта поинаква 2020 година, посочува на модните видео-игри. Имено, од видео-игри до е-спортови, луксузната модна индустрија годинава интензивно пробува нови категории, вели Аблох. Како модата да станува игра во реалниот свет, а видео-игрите и модни медиуми.

Virgil Abloh

Кога повеќето луѓе од модата – „fashion луѓе“ – зборуваат за условите и иднината на модната индустрија, тоа, воглавно е во стереотипи. Вергилиј Аблох оди многу подалеку од конвенционалната слика. За неговиот погледот кон иднината на модата,  како и за тоа како креативноста станува своевиден спринт, Аблох има и црно и бело објаснување:

Доколку побарам објаснување, вели Аблох, низ мојот оптимистички ум тогаш оценката би била следна: Вие ги кршите прстите и – одеднаш, индустријата е преполовена. Тоа е некако правило за скратувањата. Ако пресечеме сè на половина: големината на колекцијата, должината на модната недела, претставувањата на дизајнерите, нивото на модните ревии, или големината на колекцијата тогаш мора да се смени и односот кон луксуз и кон високата мода, кон премногу работи што без распоред се продаваат, кон толку многу грижа и внимание за бројки и маркетинг, наместо за  дизајнери и креативност.

Virgil Abloh

Ако прашате за мојот песимистички ум и зошто размислувам така, тогаш луѓето треба да го сторат токму она што го правеа на први јануари. Колку и да сакате да бидете оптимист, човечката природа ја има онаа отпорност, на она што сака да го стори. Така дојдовме до овде. Славните денови на модата нè доведоа таму каде што сме, бидејќи луѓето беа во стилот ‘Еј, сакам висока мода! Сакам луксуз! Сакам скапи работи. „Но, мислам дека не можете да ја водите оваа дискусија без да размислите за реалниот свет. На тие темели се заснова мојата модна кариера. На тоа дека секојдневниот човек кој неможе да си дозволи да потроши 60 долари за маица. Тоа е, исто така, модна индустрија.

Virgil Abloh

Така, сега модната индустрија, особено онаа на високата мода, е тука – барајќи, нови, соодветни патишта до купувачите, таму каде што модната индустрија влегува во видео-игрите и e-спортови.

Аблох, инаку и архитект, во светот на интернационалната мода влегува откако по дизајнирањето на уличната мода во Чикаго, станува дел од креативниот тим на Фенди, заедно со раперот Канје Вест. Аблох е главен извршен директор на  Off-White, модна куќа што ја основал во 2013 година. Тој е и првиот американец со африканско потекло, кој бил уметнички директор на колекцијата за облека за мажи на Луј Витон од март 2018 година. Од списанието Тајм именуван е за една од 100-те највлијателни личности во светот, во 2018 година. Годинава Аблох основа Фонд за стипендии Virgil Abloh Post-Modern и успеа да собере милион долари за стипендии за студенти со африканско потекло. Родителите на Аблох се емигранти од Гана, а модата и дизајност се предмет на интерес уште од раното детство, од мајката модистка. Растејќи во 80-тите години, за Виргил Аблох играњето Нинтендо беше формативно искуство. Сега, модата стана негова „игра во реалниот свет“, вели тој, а видео-игрите модни медиуми. /M.M.

Virgil Abloh

Virgil Abloh

You may also like

Comments are closed.