Целта на Националниот ден на карминот е да се прослават сите работи што ги заслужуваат усните.

Секоја година 29 јули се одбележува во САД како National Lipstick Day. Според порталот National Day овој ден е повод за промоции или за кампањи за разубавување, како што тоа го прави блогерката Huda Kattan. Од 2016 година таа е современ основач на National Lipstick Day според откупените права и прогласот на секретарот на Календарот за национални денови.

Историјата обилува со бројни податоци поврзани со карминот; од скандалот што Sarah Bernhardt го направила со бојата на нејзиниот “lip rouge”, до верувањето на кралицата Victoria за тоа дека носењето кармин е знак на неучтивост.

Изненадува податокот за некаков вид кармин што го употребувал американскиот претседател George Washington, како и изјавата на Winston Churchill, дадена за време на Втората светска војна, дека бојата на усните го зајакнува моралот на еден собен начин.

Инаку, се смета дека сумерите од долината на Инд биле веројатно првите кои ги мачкале усните уште пред околу 5.000 години. Скапоцени камења во прав биле користени за украсување на усните и околу очите. Египќаните користелебубачки (carmine) за да создадат црвена боја на нивните усни.

Кај старите Грци карминот бил резервиран само за проститутки. Доколку била фатена без назначената боја за усни и во погрешно време, проститутката била казнувана затоа што се претставувала како дама. Боите за усни биленаправени од црвена боја и од остатоци од вино.

Низ вековите, бројни контроверзии го следеле овој предмет за разубавување. Британскиот парламент дури и ја забранилнеговата употреба, во 1770 година, нарекувајќи го ѓаволски обид да се измамат мажите за брак. Во некои кругови, карминот се поврзувал и со вештерството. Повремено, содржел отровни супстанци.

Во 1884 година, француската компанија за парфеми Guerlain била првата која карминот комерцијално почнала да го произведува.

Карминот за многумина е блескав светилник на личноста со која се појавува во јавноста, без оглед дали ја одразува смелоста, или е само поради нежно истакнување на контурите на усните.

Секоја година се појавуваат нови трендови или се повторуваат некои од минато.

Без оглед дали е причина или услов, карминот е и останува незаобиколив дел од шминкањето./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.