111SKIN е бренд за медицинска нега на кожата зад која стои науката. Основачи се хирургот Yannis Alexandrides и неговата сопруга Eva Alexandrides.

Првиот производ на 111Skin е крем чија цел е да се забрза заздравувањето на кожата по операција. Популарноста на формулата и предизвиканиот интерес придонеле да донесат одлука да се појават на пазарот со производи наменети за нега на кожата.
Како доктор, мојата примарна цел е да им ги обезбедам најдобрите резултати на моите пациенти – ова вклучува опширно истражување, за формули кои можат да се користат за репарација на траума на кожата, поради операција или по клинички процедури. На нашите клиенти им ги дадов овие формули и забележав дека тие постојано се враќаа за повеќе. Го развивме нашиот асортиман на производи врз основа на овие формули и оттаму се роди NAC Y2: основната состојка на нашата прва палета производи, вели Yannis Alexandrides.


Освен тоа што е од суштинско значење за правење глутатион (супстанција што ја произведува црниот дроб и се користи за поправка на ткивото), NAC y2 има многу други придобивки што им помагаат на кожата и телото. Може да помогне и во олеснување на респираторните состојби, зајакнување на здравјето на мозокот и имунолошкиот систем и може да го стабилизира шеќерот во крвта. Денес, овој иновативен екстракт е клучната состојка во линијата Y Theorem на 111Skin, која содржи сè, од оригинална крема до нов комплет на ампули, дизајниран да ја поправа кожата и да ја намали трансепидермалната загуба на водата.
Науката стои зад сè што правиме, вели тој. Секој од нашите производи е насочен кон одредена грижа за кожата и е формулиран со клучни состојки за кои знаеме дека ќе направат видлива разлика. За нас ова никогаш нема да се промени – ние сме и остануваме бренд предводен од науката, велат од 111Skin./М.М.

You may also like

Comments are closed.